Денеска од 18.30 до 20 часот во кампот пред Владата ќе има дискусија насловена „Неветено, а остварено – села без земјоделци“ на која ќе говорат Татјана Прентовиќ, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Николче Бошевски, претседател на Синдикатот на земјоделци – СПАС, професорот Марјан Кипријановски, земјоделецот Трајан Димковски и Лидија Димова, претседател на комисија за европски прашања на СДСМ.
Од 20.30 до 22 часот пак ќе има Чалгија саунд систем.
