Интересни факти за Филипините (Втор дел)

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Филипините се едно прекрасно место во кое човек може да ужива во неповторливите креации на природата. Покрај сето ова, земјата има богата историја и многу интересни факти, со кои ќе ве импресионира.87e9ab6fd33772eb8d57a376ebd49686

Дел од нив веќе ви раскажавме во првиот дел со интересни факти за филипинскиот архипелаг. Следува втор дел, уживајте:

15. Филипинците претставуваат најбројна дијаспора во светот. Таа е составена од околу 11 милиони луѓе .

16. Околу Филипините се наоѓаат најдлабоките океански траншеи. Педи Минданао , која е во близина на земјата, достигна длабочина од малку повеќе од 10 километри .

17. Според некои извори секој ден во земјата се испраќаат над 450 милиони пораки . Тоа е повеќе од вкупниот број на пораки во САД и Европа заедно.

18. И покрајпопуларното верување, караокето е измислено во Филипини, а не како што се тврди на многу места – во Јапонија. Самиот збор “караоке” доаѓа од јапонскиот јазик и значи “пеење без придружба”.

19. Од околу 500 познати корални вида , 488 може да се сретнат на територијата на архипелагот.

20. Луѓето од племињата Тијанџин кои живеат во планинските области на северните делови на Филипините, се бакнуваат на неконвенционален начин.Тие ги испапчуваат усните напред и дишам брзо.

21. Традиционалната филипинска играчка “јо-јо” во почетокот се користела како оружје.

22. Аурора – единствената филипинска провинција крстена во чест на првата дама.

23. Најпопуларниот месец за свадби во Филипините е декември (до почетокот на јануари).

24. Во земјата постојат само две сезони – едната е топла и влажна, а другата – ладна и сува. Втората продолжува од октомври до јуни.

25. Во минатото Филипините имале контакт со Кина, некои од арапските земји и Камбоџа. Архипелагот сепак не бил познат на западниот свет, додека на 17 март 1521 година Магелан не пристигнува на островот Самар . Оттогаш земјата била колонија на Шпанија, Португалија, САД и Јапонија .

26. Филипинскиот универзитет “Сан Карлос” во градот Кебу е основан од страна на Шпанците во 1595 година и е најстариот универзитет во цела Азија. Втората најстара институција за високо образование во Азија е универзитетот “Санто Томас” во Манила, основан во 1611 година.

Влезете во галеријата  и погледнете фотографии од прекрасните Филипини.a673fb03fa9eed4708cb449acd0a5e2b 627d016041440f26f5c026ad0cf6a055 0c62e8d78127339f2aa61480673e01cc 9b2b06b545d08da2144eb4923ade7924 79a383990558dd49a7d0b9a85dad65d4 11f81f4d5776cd3e513f454f36dee406 b9d83ce79e1fbea32b4f9a8405c3885e e49db93f960b85245ac8c5ccb81e7483