Експертски тим ангажиран од Европската Комисија во кој меѓу другите биле и познатиот евродипломат, Рајнхард Прибе, поранешен државен обвинител на Ирска и поранешен шеф на одделот за борба против мафијата на Италија во изминатите неколку недели биле во специјална мисија во Македонија за одблиску да ги скенираат состојбите во проблематичните области.
Тие, како што во емисијата „360 степени“ на Алсат-М најави на вицепремиерот Фатмир Бесими подготвуваат специјален извештај кој треба да го дополни политичкиот договор што се очекува да го постигнат лидерите на партиите.
Во извештајот, според Бесими ќе бидат прецизно нотирани сите конкретни проекти што треба да бидат спроведени во транзицсикиот период, до наредните парламентарни избори.