Лидерите на Г-7 земји денеска во Германија ќе го потврдат своето единство пред тероризмот и жариштата на меѓународните кризи. Тоа ќе се случи при затворањето на самитот, над кој е во сенката на Русија, држана настрана поради учеството во конфликтот во Украина.
Финалното на коминике на средбата во замокот треба да ги потврди посланијата на цврстина, кои Западот ги зголеми во неделата на адреса на рускиот претседател Владимир Путин.Средбата повика токму за одржување на санкциите против Москва.
“Тргнувам од принципот дека ќе испратиме заеднички сигнал” за ова прашање, предвиде германската канцеларка Ангела Меркел во неделата вечерта во телевизиско интервју.
На првиот ден од средбата, организирана во Баварската Алпи, претседателот на САД Барак Обама и Ангела Меркел се согласија дека санкциите треба да останат во сила се додека Русија не “почитува украинскиот суверенитет”.
Белата куќа истакна целосна согласност со Берлин по тоа што времетраењето на санкциите треба да биде јасно обврзана со целосна имплементација, од страна на Русија, на договорите од Минск “, договорени во февруари од Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.
Украина и, во помала мера, ќор-сокакот во преговорите меѓу Грција и нејзините меѓународни кредитори, за да се избегне банкрот на Атина, во неделата зја одвлекоа официјалната агенда на форумот на Г7, кој ги собра во Германија домаќините на САД, Франција, Велика Британија , Италија, Канада и Јапонија
Грчката криза може да се врати на масата вденеска со очекуваното присуство на директорката на ММФ Кристин Лагард. Но, “сите се согласуваме дека се уште има многу работа пред нас”, предупреди вчера Меркел .
Самитот на седумте економски сили треба да посвети голем дел од последниот ден на дискусии за борбата против тероризмот и помошта за развој со шест државни и владини лидери од Блискиот Исток и Африка.
Новиот нигерискиот претседател Мухамаду Бухари е еден од најочекуваните. Тој пресуди дека борбата против Боко Харам ќе биде негов приоритет, но откако ја презеде функцијата на крајот на мај при напади, припишувани на исламистичката секта, загинаа речиси сто лица.
Во присуство на ирачкиот премиер Хајдер Ал Абад на Г7 е и темата за борбата против џихадистите од групата “Исламска држава” во Ирак и Сирија.
Меѓународната коалиција предводена од САД – чија стратегија според Ал Абад е пропадната, го поддржа минатиот вторник ирачкиот план за враќање на изгубените територии,и повика за политичка реформа во Багдад.
Лидерите ја почнуваат дискусии во понеделникот по прашањето за климата. Тие ќе преговараат до крајот на содржината на пораката што ќе се упати шест месеци пред одлучувачката конференција на ОН (во декември) во Париз.
Европејците, предводени од тандемот Меркел-Оланд, изгледаат решени да добијат од своите партнери амбициозни обврски за намалување на емисиите на стакленички гасови и ограничување на употребата на фосилни горива.
Но Јапонија и Канада се резервирани . Според извори околу францускиот претседател тој во неделата го потсетилна јапонскиот премиер Шинзо Абе, дека се очекува придонесот на Јапонија.
Без силен импулс од Г7 малку што на оваа тема може да се очекува од конференцијата во Париз, посочува АФП.
