Светски натпревар, без македонско учество, се одржа во Франција, и му ја донесе на француски Јапонец светската награда за најдобар сиренар.
Второто издание на натпреварот во Тур (Tours), централниот дел на Франција, го освои 31-годишниот Фабио Дегуле, кој живее и работи во Јапонија. Неговите родители тргуваат со млечни производи, а Фабио, воодушевен од Јапонија, добива диплома од ИНАЛКО (Национален институт за источни јазици и цивилизации), пред да се пресели да живее во Јапонија.
Тој беше избран меѓу десетина кандидати, дојдени од Јапонија, САД, Белгија и, за првпат, од Кина и Израел.
Второто место го доби друг роден во Франција – Гијом Кардине – а на третата позиција беше Белгијката Натали Ванавер.
Во неделата изутрина 12-те сиренари застанаа еден против друг во трката по теорија. Потоа околу пладне тие ги нападнаа практичните задачи и уметничкиот дел на трката: комбинирање на вкусови, ткаенината со сирења, дегустации и презентација …
На крајот беше “Уметноста со сирење” – создавање на уметничко дело на еден квадратен метар површина, покриена, се разбира, само со сирење.
За конкурсот за подготовка и готвење со сирења кандидатите добија претходниот ден мала сума, за да испазаруват производи на домашниот пазар.
АФП објави дека учесниците се оценувани од меѓународно жири. Спектаклот со сирење бил воден од Јапонката Мијоки Муразе која ја добива наградата во 2013 година, и од Родолфо ле Мјуние (Rodolphe Le Meunier), носител на титула за најдобар сиренар од 2007 година. Тој е и еден од иницијаторите на овој Мундијал.