Можеби не сте пиваџија ама кога ова ќе го видите ќе сакате да пробате Скопско.

Кога Милчо Манчевски го рекламира Скопско, тогаш може да бидете сигурни дека дури и да сте од оние кои во последно време се префрлиле на некое друго пиво, ќе се наежите од помислата дека Скопско секогаш, барем за скопјани, ќе биде синоним за пиво.
Видеото е режирано и напишано од нашиот легендарен режисер и е комплетно во стил на Манчевски, делува буквално како трејлер за филм што би сакале да го гледаме.
