Потребни производи:
3 лажици масло / маслиново масло
1 чаша долгозрнест ориз
1 лажичка лук (сушен)
½ лажичка ким
¼ чаша сецкан кромид
½ чаша сос од домати
2 чаши пилешка супа
Подготовка:
Загрејте го маслото во голема тава на средна топлина и додадете го во него оризот. Гответе мешајќи постојано, додека оризот почне да се надувува и потемнува. Додека оризот се пржи посолете и со ким.
Додајте го кромидот во тавата, претходно исечен на ситно. Пржете додека не омекне. Истурете сос од домати во тавата. Промешајте. Потоа истурете и супа. Повторно промешајте и оставете да зоврие.
Откако ќе зоврие намалете ја температурата и оставете да покрчка околу 25 минути. Пробајте со вилушка дали оризот е подготвен. Подготвен е кога целата течност се апсорбирала и оризот ќе се згусне.
Служете како гарнир.
