Унгарија подготвува закон кој практично ќе ја затвори јужната граница на земјата за илегални имигранти.
Предлог-законот е подготвен од владејачката партија “Фидес”.Нејзин лидер е премиерот Виктор Орбан, кој се изјасни дека е против предлогот на ЕУ за воведување на квоти за имигранти по земји. Ако законот биде усвоен, со влегувањето на илегални имигранти во Унгарија нема да имаат право да аплицираат за азил.
Орбан често е обвинуван за расизам, како во однос на имигрантите, така и во однос на унгарските Роми. Според некои кругови во САД Орбан е дури антисемитист.
На самитот во ЕУ, се одржа неодамна во Рига, претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер го поздрави Орбан со шеговитото “Здраво, диктаторе!”
