Малезија ги обвини туристите за последниот земјотрес

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Малезија ги обвини западните туристи, кои се искачиле на една од најсветите планини во земјата, за предизвикување на последниотземјотрес кој уби 16 лица, пишува “Индипендент”.11201938_1043621648981634_8033588059753853866_n

Според полицискиот извештај обвиненија се поднесени против неколку странски државјани.Членовите на локалната заедница Сабах на островот Борнео ги обвинуваат туристите за “лудориите” , кои “ги налутиле духовите на планината”.11391548_1043621685648297_6667738304444683927_n

Земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер беше регистриран во близина на планината Кинабалу, каде што туристите се снимале голи на врвот. Меѓу странците имало двајца Канаѓани, двајца Холанѓани и еден германски државјанин, кои се одвоиле од групата за да се сликаат голи. Фотографиите подоцна се појавија во социјалните мрежи.