(ВИДЕО) Боби Мојсовски со маестрална изведба на „По тебе“ на Икс Фактор

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Боби веќе неколку пати со своите изведби на големи хитови докажа дека убедливо му нема рамен во шоуто во поглед на неговиот вокален распон, но сите некако беа во исчекување да го слушнат како тоа звучи и на македонски, а потајно и како би звучел пеејќи го Тоше.10659279_779280572193078_1764575241294117804_n (1)

Во вчерашната емисија која беше со тема „Мој избор“, тој се одлучи за еден од најголемите хитови на Тоше, „По тебе“, и изведбата беше маестрална. Покрај овациите од публиката, тој доби прекрасни коментари од жирито, а Жељко кој веќе еднаш му порача дека би сакал и тој самиот да пее како него, овој пат му порача дека Тоше сигурно би се гордеел со него.hqdefault.jpg

Сосема заслужено Боби влезе во полуфиналистите на Икс Фактор и со радост ја чекаме следната емисија за да не воодушеви уште еднаш.