Јапонија планира до 2021 година да испрати вселенска сонда за истражување на површината на сателитите на Марс, соопшти јапонската вселенска агенција.
Ова ќе биде прва во светот експедиција за собирање на примероци од површината на Фобос и Дејмос. Главната цел на проектот, кој се проценува на 30 милијарди јени (243 милиони долари) е истражување на сателитите на Марс.Според јапонските експерти, собраните податоци за време на вселенската мисија ќе дадат дополнителни информации за развојот на Црвената планета.
Јапонската вселенска агенција се надева дека ќе испрати вселенски брод на Марс во наредните 3-7 години.
Во почетокот на јануари оваа година, јапонската влада го одобри приемот на нова десетгодишна програма, насочена кон развојот на вселенска технологија, како и подобрување на безбедноста и сигурноста на индустријата.