ЕУ вака го замислува трговскиот договор меѓу ЕУ и САД…

од desk3
90 прегледи

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц одлучи да го одложи пленарното гласање на препораките на ЕП до преговарачите за трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТПТИ), закажана за 10 јуни, соопшти прес-службата на ЕП. Шулц ги препрати 116-те амандмани вметнати во извештајот, за ново разгледување од страна на Комисијата за меѓународна трговија и за одлука дали тие да бидат предложени за гласање во пленарна сала.

 

Претседателот на ЕП посочи дека повеќе од 200 измени и барања за одделно гласање или гласање одделно на текстови биле предложени по извештајот на Бернд Ланге (С & Д, Германија), кој требаше да биде изгласан во пленарната сала. Затоа тој инсистираше Комисијата за меѓународна трговија да ги разгледа овие измени и барања.

zx450y250_2550311

“Ние ја почитуваме одлуката на г-дин Шулц и ќе ја продолжиме работата по резолуцијата за ТПТИ во Комисијата за меѓународна трговија. Ќе го користиме ова дополнително време за да работиме за постигнување на стабилно мнозинство во поддршка на резолуцијата за ТПТИ. ЕП може да излезе со силно порака до преговарачите за договорот, само ако нашата резолуција е поддржана од широко мнозинство “, изјави известувачот и претседателот на комисијата за трговија Бернд Ланге.

Комисијата на ЕП за меѓународна трговија ќе заседава на 15-16 јуни во Брисел.

Откако на 9 јуни гласањето за резолуцијата за трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТПТИ) беше одложено, денеска Парламентот одлучи со 183 гласа “за”, 181 “против” и 37 воздржани да го одложи и предвидениот дебата врз основа на член 152 од Правилникот.

ТПТИ: како се решаваат споровите помеѓу инвеститорите и држави

Еден од најдискутираните прашања за договарање за трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТПТИ) е како да бидат решавани споровите меѓу странските инвеститори и земјите во кои тие вложиле средства. Во овој поглед европскиот парламент ги објавува различните предложени механизми.

Во моментов ако одреден инвеститор има приговори на одлука на властите во одредена земја, тој има два основни начини за акција: да се обрати или кон судовите во соодветната земја, или кон меѓународни приватни арбитражни судови. Како одговор на изразената загриженост од јавноста и пратеници во ЕП, Европската комисија предложи на 6 мај две дополнителни можности за ТПТИ: повеќестран инвестициски суд и двостран апелационен орган со седум судии.

Според предлозите на Комисијата за промени во системот на заштита на инвеститори, во случај на спор инвеститорите би имале право да одлучат за механизмот за решавање, кој го преферираат, но ќе треба да се придржуваат кон еднаш избраната опција. Тие нема да можат да користат паралелно неколку механизми и потоа да изберат најзгодно за нив решение.

Видови механизми:

1. Национални / локални судови – заеднички инструмент во договорот за трговија

Заснован на доверба во владеењето на правото во соодветниот систем на правда.
Противниците истакнуваат дека е можна пристрасност во корист на сопствената земја. Исто така меѓународните обврски можат да немаат автоматски сила во локалните судови

2. Приватен арбитражен систем (позната како механизам за решавање на споровите меѓу инвеститори и држави на англ. ISDS) – заеднички инструмент во договори за трговија
Споровите се решаваат не од судии, атукуод правници-специјалисти по трговско право
Системот е независрен од која и да е држава.

Противниците изразуваат загриженост дека тој го ограничува правото на властите да ги решаваат прашањата во корист на јавниот интерес и дека може да доведе до конфликтин на интереси. За да се избегне ризикот, новиот пристап на Комисијата претпоставува претходно одобрение од ЕУ и САД на листа кој може да дозволи такви спорови

3. Повеќенаменски меѓународен суд – Нова можност, предложена од Европската комисија Долгорочен инструмент.
Ќе бара време (10-15 години) и ресурси за неговото создавање.

4. Двостран орган со 7 судии специјално за ТПТИ – Нова можност, предложена од Европската комисија

Овој орган може да почне да остварува дејност релативно брзо
Седумте судии ќе бидат одобрени истовремено од ЕУ и од САД, како двајца ќе се од ЕУ, двајца – од САД и тројца – од други земји