СДСМ: Никола Груевски мора да се повлече

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Разговорите во Брисел завршија без договор за разврска на политичката криза во Македонија по пат на преговори, се вели во официјалното соопштение од СДСМ

sdsm-shtip

Не е задоволен условот за суштинското прашање околу отворањето преговори,  организирање Влада што нема да ја предводи Никола Груевски.

Неразумно и нелогично е креаторот на политичката криза, Никола Груевски, да остане да раководи со Владата што треба да организира и спроведе предвремени парламентарни избори.

Груевски беше подготвен да даде `се и да направи `се, само да ја сочува својата фотелја.

Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ останаа доследни на принципиелната позиција што е став и на граѓаните на Република Македонија.

 

Нема пазарење со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните на Македонија, како и нивните сограѓани од Европа.

 

Никола Груевски мора да се повлече.