Guardian: Полицијата во САД убила 500 лица од почетокот на 2015 година

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Бројот на луѓето убиени од полицијата во САД од почетокот на 2015 година достигна 500 лица, соопшти британскиот весник Guardian по  резултати  на сопствена истрага.

сад полице

Изданието претпоставува дека до крајот на годината американските полицајци можат да убијат до  1.000 луѓе. Забележуваат и  дека во официјалниот извештај на ФБИ од преку две години се објавени само 461 загинати. Според весникот од наведените 50 загинати 49,6% се бели луѓе, 28,2% се афроамериканците, а 14,8% се Латиноамериканците. Експлицитно се наведува дека само 21% проценти биле вооружени. Повеќето од загинатите се мажи – 95,2%, застрелани жени во апсолутен број се 24.

На крајот на мај и  американскиот весник Washington Post објави дека за првите пет месеци од годината американските полицајци застрелале 385 лица. Овој број е прецизиран на база само на пукани , поединечните случаи на несреќата во одделите на полицијата или од удари со тапи предмети не се бројани . Весникот забележува дека само на тројца полицајци од сите 385 случаи се покренати обвиненија, кое сочинува помалку од 1%. Генерално во последниве децении полицијата во САД  отворила  оган за напад илјадници пати, но обвинувања за пречекорување на власта се упатени само во 54 случаи.