“Кока Кола” со луксузни нови шишиња

од Vladimir Zorba
98 прегледи

“Кока Кола” и брендот за луксузни додатоци “Трусарди” ги здружија напорите за создавање на луксузни дизајнерски шишиња и лименки за популарниот пијалок.trussardi-coca-02-400x242

Новото пакување ќе е во црвена и темно кафеава – заштитните бои на брендот, а освен нив ќе има и серија лименки во златно. Некои од моделите на луксузниот нов дизајн вклучуваат и други бои и отпечатоци. Лимитирана серија ќе се нуди во пакувања од 250 мл. и 1,5 л.

Повод за пласирање на пазарот на новите пакувања е 100-годишнината од создавањето на култниот дизајн на шишето на “Кока Кола”, која во текот на годините стана и нејзин заштитен знак.Coca-Cola_Trussardi_can

За сега е познато дека новите шишиња ќе бидат претставени на овогодинешното Експо во Милано и ќе се продаваат во Италија.