Жените губат по 5 часа неделно за селфи

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Дури и да не сте како Ким Кардашијан, сигурно од време на време се искушувате да кликнете некое селфи. И во тоа нема ништо лошо, модерно е! Но вистината е дека масовно младите жени губат драгоцено време во подготовките за своите специјални фотографии што трае со часови, тврди ново американско истражување.0cd57724af6b1b71db85e8cf8733e9f1

Во него учествувале околу 2000 дами на возраст меѓу 16 и 25 години. Резултатите покажуваат дека една жена посветува во просек по 48 минути секој ден за селфиња, а во времето влегуваат подготовките (позирањето, шминка, облекување) и самиот чин на сликање. Ова се прави околу 5 часа и 36 минути неделно.

Според истражувачите жените прават просечно по околу 3 селфиња (за секое има одвоени по 16 минути).

Истражувањето, направено од сајтот www.feelunique.com, покажува дека многу од младите девојки имаат “ниска селфи самодоверба”, која се изразува во комплекси за тежината и нивниот севкупен изглед. Од оваа причина младите девојки ги коригираат дополнително фотографиите дигитално (со фотошоп и други програми) со надеж да соберат повеќе “лајкови” и позитивни коментари под кадарот.

Манијата по селфитата е опкружена од различни теории. Според некои таа ја искривува перцепцијата на човекот за самиот него и го тера да се однесува и изгледа на одреден начин, робува на различни модни струи и идеали за убавина, а според други – правењето на селфиња е инспиративно и позитивно, исто така помага за подигнување на самодовербата.