Волшебниците Гандалф и Дамблдор се венчаа, изразувајќи ја на тој начин својата поддршка за истополовите бракови.
“Свадбата” се одржа во гр. Топика, државата Канзас. “Младоженците” беа актери, преправени како двајцата големи волшебници од двете големи фантастични саги – “Господарот на прстените” и “Хари Потер”.
“Склучувањето на бракот” се одржа во т.н. “Куќа на рамноправноста”, сопственост на ЛГБТ организацијата Planting Peace. Насликаната во боите на виножитото зграда се наоѓа токму спроти локалната баптистичка црква, која критикува остро секакви хомосексуални пројави.
“Албус Дамблдор, го земате ли за сопруг Гандалф и му ветувате ли дека ќе сте му верен до крајот на животот?”, Се обрати со традиционалното прашање водителот на церемонијата кон директорот на училиштето за волшебници “Хогвортс”, по што го праша истото и волшебникот од ” Господарот на прстените “.
Идејата за “свадба” дошла на организаторите од пост на Џоан Роулинг на Твитер. На прашањето што би се случило ако Гандалф и Дамблдор се педери, авторката на “Хари Потер”, одговори: “Тогаш би можеле да се венчаат во Ирска”, алудирајќи на неодамнешниот референдум во кој Ирците рекоа “да” на истополовите бракови.