Јапонците го создадоа најсилниот робот во светот

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Јапонската компанија за роботика и автоматизација FANUC го претстави „најсилниот робот во светот“, способен да крене 1,7 тони – еквивалент на два мали автомобили или 24 лица, пишува британски Телеграф. Изгледа како да, машината со не многу атрактивно име – M-2000iA/1700L, ја победува гравитацијата, дигајќи и преместувајќи цели возила без грам напор.

robot

Роботот би можел да биде корисен во најразлични области, бидејќи е во состојба да исполнува прости, но и многу сложени задачи, но нивниот обсег да не надминува 4,7 метри. Машината има шест краци и рака со силен зафат, што и дава можност брзо и исклучително прецизно да ги позиционира предметите. Роботот може да се користи за автоматизација на дејности, сврзани со кревање на тешки предмети, намалувајќи го ризикот од оштетување на материјалот, намалувајќи ги расходите и подобрувајќи го работниот циклус.

„Ја воочивме неопходноста од зголемување на ефективноста на работата со тешки предмети, особено во автомобилската индустрија“, изјави Крис Семнер, извршен директор на британскиот оддел на FANUC. Најсилниот робот во светот ќе биде прикажан на изложбата во Милано, во октомври годинава.