АПМ :Ако Груевски е сигурен во победата нека се тргне

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија апелира да продолжат преговорите за разрешувањето на кризата во земјава и упатува барања до САД и до премиерот Никола Груевски.

алијанса(1)

„Интересот на граѓаните на Република Македонија мора да биде пред личните интереси на партиските лидери што учествуваат на преговорите. Поради тоа сметаме дека треба да има официјални информации од страна на организаторите на преговорите за прашањата што се преговараат.

ГО на АПМ смета дека како олеснувачи во процесот на преговорите треба да се вклучат поактивно и САД, бидејќи одложувањето на разрешувањето на кризата може да предизвика и други подлабоки последици за Република Македонија, особено од безбедносен план на регионот“ соопшти партијата.

Се бара и премиерот Груевски да предложи негов наследник, кој би бил прифатлив за сите страни.

„Со оглед на тоа дека премиерот Груевски од Брисел изјави дека и на наредните избори „убедливо ќе победел“, ГО на АПМ апелира да истиот треба да предложи друго лице за претседател на Владата, прифатливо на сите страни, бидејќи во таков случај за ВМРО-ДПМНЕ воопшто и не е важно кој ќе ја води владата во транзиониот период“, се вели во партиското соопштение.