Иран “игра” регионално- ги вооружува Талибанците за борба против “Исламска држава”?

од desk3
83 прегледи

Иран доставува оружје и финансиска помош на талибанците за борба против “Исламска држава” во Авганистан, објавија ibtimes, повикувајќи се на “Волстрит џурнал”.

иран

Авторитетното американско издание цитира авганистански и американски официјални лица.

Иран не снабдува со она што ни треба, рече талибански командант за весникот, додавајќи дека е воспоставен контакт со ирански разузнавач.

“Прашува колку пари земам и дека тој ќе го удвои парите , ако работам за Иранците во Авганистан”, додаде претставникот.

Изворот тврди дека талибанците добиле 82-милиметарски минофрлачи, митралези, автомати “Калашников”, РПГ-та и материјали за бомби од Иран. Тие се доставени во Авганистан преку заедничката граница меѓу Иран, Авганистан и Пакистан, додава американскиот весник.

Шиитски Иран одамна е во конфликтни односи со сунитските талибанци. Дури во 1998 година двете страни беа блиску до конфликт. Тогаш Иран распореди 70 илјади војници по авганистанската граница во одговор на убиени ирански дипломати. ОН помогна за спречување на конфликт.

Авганистански претставник од силите на редот изјави дека Иран ги помага талибанците во борбата против “Исламска држава”. Информацијата е потврдена и од западен дипломат.