Дискусијата на тема „Забегана лустрација – инструмент на режимот за пресметка со неистомислениците“ се одржа во Кампот на слободата.

Модератор беше Жарко Трајаноски, активист за човекови права, а учесници во дискусијата беа Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставен суд на Република Македонија, Јадранка Костова, главна уредничка на „Фокус“ и Владимир Милчин, режисер и професор во пензија.