Од 13-годишна возраст таа била силувана од таткото илјадници пати, и станала затвореник во сопствениот дом.
.Еден ден, кога таа се прибира од училиште, татко и рекол да отиде во спалната соба и да се соблече. “Ти си расипана стока”, рекол тој и додал дека “никој нема да ја сака”.Познато е дека таткото ја силувал во најмалку три града во Долината Латроб во австралиската држава Викторија. Тој ја бркал неуморно. Цели три години девојката се обидела да избега од насилникот. Социјалците дури создале нејзино досие, но нејзиниот татко не се откажал и девојката на крајот секогаш му се враќала. Еден пат кога таа му одбила секс, тој ја фатил за гушата,ја стиснал кон ѕидот, ја удрил три пати во стомакот и рекол : “Еј сега ќе те научам да не ми возвраќаш”. Како резултат на секс насилството девојката исто родило четири деца од нејзиниот татко. Таа успеала да се отскубне од канџите , дури кога наполнила 43 години. Како мала жената била убава, руса и талентирано дете со блескава иднина пред себе, но силувањето на татко и кои се случувале секој ден, а понекогаш и два пати дневно, ја лишило од секаков нормален живот. Сега, жената, чиј идентитет е во тајност, и познат само со псевдонимот “Катерина Екс”, која успеа да раскаже за својот кошмар. Таа конечно успеа да собере храброст и да го осуди татко си , кој во моментов отслужува 22-годишна затворска казна. Со помош на новинарката Сју Сметхрст, историјата на Катерини се претворила во книгата “Зад затворени врати”.
Катерина била единствената девојка од четирите деца на семејството. Тие живееле заедно со мајка си и татко си, кој бил алкохоличар, како се издржале само благодарение на социјална помош. Браќата и нејзината мајка биле тепани од нејзиниот татко и единствениот светла точка во детството на Катерина биле посетите на баба и и дедо и по мајчина линија, и часовите во училиште. Кога Катерина била на 12 години брак на родителите бил пред распаѓање, мајка и си фатила љубовник. Тој бил и првиот маж кој ја силувал . Година подоцна Катерина била силувана и од татка си. Ова се случувало толку често дека во еден момент девојчето си помислив дека тоа е нешто нормално и им се случува на сите. Катерина сепак секогаш правила така што тоа да останува скриено од нејзината мајка и нејзините браќа. За да се справи со хоророт, девојката се обидело да искористи ѕверски самоконтрола на умот.
“Замислував дека сум парче дрво. Тоа се носеше по реката и можеше да биде однесено насекаде “, се сеќава таа.
Кога девојката успеала да избега од домот на ужасите и била сместувана во домови за заштита на деца, таму ја нарекувале “к * рва”. Катерина велела на вработените дека нејзиниот татко ја силува, но никој не правел ништо.Светлината во тунелот Катерина видела кога почна да ги посетува лекар, кој да ја лекува од епилептични напади. Таа одлучила да се довери на докторката и двете заедно смислиле план за нејзиното спасение. Една ноќ тим од полицајци дошле во домот на Катерина и ја одвеле во безбедна куќа во другиот крај на државата.Малку подоцна од куќата биле изведени и нејзините деца.
Нејзиниот татко е осуден во февруари 2010 година на 22 години затвор. .
