Англискиот ученик Том Уаг стана можеби најмладиот човек, кој ги открил екстрасоларните планети, пишува сајтот space.com.
Петнадесетгодишниот ученик ги открил екстрасоларните планети – гасен гигант пред две години, за време на стажирање во универзитетот Кијл во Англија. По понатамошно набљудување од астрономи, неговото откритие беше потврдено. Планетата е сместена на 1000 светлосни години од Земјата и се нарекува WASP-142b.
Откривањето на WASP-142b е потврдено од астрономи од швајцарскиот универзитет во Женева и од белгискиот универзитет во Лиеж во Белгија. Планетата WASP-142b е потопла од Јупитер и е со приближно иста големина како најголемата планета во нашиот Сончев систем, но е сместена многу блиску до својата ѕвезда.