Вчерашната епизода на „Икс фактор адриа“’ нѐ раздели со Атонио, како и Аднан и Тарик, но за среќа, нѐ остави да навиваме за Боби во Комбанк арената на 21 јуни.
Боби ја избра „Counting Stars“ за да ја посвети на неговите родители, а тоа се покажа како добар потег. Со многу пофалби од жирито и доволно гласови од публиката тој си обезбеди место во големото суперфинале следната недела.