Откако во четвртокот Извршниот директор на “Твитер” се повлече, компанијата објави нова голема промена – ограничувањето во должината на личните пораки меѓу корисници ќе отпадне, пренесуваат светските медиуми.
Лимитот од 140 карактери, кој го издвојува “Твитер” од другите социјални мрежи, останува во сила за јавните твитови. Промената ќе настапи од почетокот на јули, а компанијата објави совети за оние кои сакаат да се подготват за неа.
Во четвртокот стана познато дека досегашниот извршен директор на компанијата Дан Костоло ја напушта функцијата и ќе биде заменет од Коосновачот Џек Дорси. Се смета дека причината е незадоволството на инвеститорите од нискиот раст на корисниците на “Твитер”. Месечниот раст на корисниците на мрежата ќе е само 14,1% оваа година, што е забавување со 30 проценти од пред две години, според податоците на еMarketer. Во 2014 година, “Твитер” привлече само 1% од дигиталната реклама, која во светски рамки е 145 милијарди долари, додека за споредба “Фејсбук” има преземено 8% од неа.