Мажите се најплодни во јули и август

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Во летото мажите се најспособни за зачнување, покажува новото истражување објавено во “Индипендент”.847a0c9c33643abf7547795925490ff6_view

На пролет сите почнуваат да мислат за љубов, но во текот на летото мажите е поверојатно да создадат потомство. Ново истражување покажува дека спермата е поактивна во средината на годината во месеците јули и август. Такви се резултатите од истражувањето, кое траеше 11 години со учество на 5.000 лица третирани од неплодност.

Неплодноста се дефинира како неможност да се зачне дете 12 месеци по првиот обид за забременување. Тоа се случува кај меѓу 15 и 20% од паровите, а со возраста се зголемува ризикот.

Машкиот стерилитет е виновен за половина од случаите, а главниот проблем е во подвижноста на сперматозоидите. За да ја оплодат јајце клетката, тие треба да пливаат во грлото на матката, матката и јајцеводите на жената. За да бидат способни да создадат семејство, 40% од машките сперматозоиди треба да бидат подвижни.

Во истражувањето лекари анализирале податоците собрани од 5188 мажи, кои го посетувале Центарот за репродуктивна неспособност на Универзитетската болница на Парма, Северна Италија. Тие утврдиле сезонска зависност во квалитетот на генетскиот материјал на мажите.

Резултатите покажуваат дека подвижноста го достигнува својот врв во текот на летото и е најниска во текот на зимата. Според лекарите тоа се должи во промени во нивоата на хормоните, вклучувајќи на тестостерон. Кај луѓето за успешното зачнување се важни нивото на стрес, кортизол, тестостерон, витамин D и холестеролот.