Се продаваат парчиња од кралските свадбени торти на аукција

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Парчиња од свадбените торти на неколку кралски семејства одат на аукција, а цената за нив се движи од 600 до 2000 долари.cake-532_1497221a

Парчињата биле собирани од починатиот неодамнешен возач на кралицата Елизабета Втора Леонард Меси, кој ги чувал во нивната оригинална амбалажа, со која биле раздавани на гостите на свадбената прослава.

“Најсвежото” парче торта е од свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година, а овошниот десерт се очекува да се продаде меѓу 600 и 800 долари. Меѓу колекцијата на Меси присуствува и парче од тортата на родителите на Вилијам – принцот Чарлс и леди Дајана, а тоа се очекува да собере помеѓу 1000 и 2000 долари.

Најстарото парче е од 1973 година, кога се одржа свадбата на принцезата Ана, единствената ќерка на Елизабета Втора, со првиот сопруг Марк Филипс. Тогаш целата свадбена торта била висока точно 168 см., колку што е висината и на самата принцеза.article-2368443-1ADE4BDA000005DC-908_634x490

Други парчиња на аукција се и делови од колачи на принцот Ендрју, вториот син на Елизабета Втора, и неговата веќе поранешна жена Сара Фергусон од 1986 година, како и од втората свадба на Чарлс со Камила Паркер од 2005 година.

Аукцијата ќе се одржи на 27 јуни во Беверли Хилс.