Фрустрираното раководство на СДСМ сака да го надмудри народот и да дојде на власт без поддршка од граѓаните, стои во најновото соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега нека се силат, нека се закануваат, клеветат и навредуваат. Нека се смеат со таканреченото „happy face“, тоа ќе им остане. Но, нека не забораваат дека кој последен се смее, најслатко се смее. Цел народ ќе им се смее откако ќе се пребројат гласовите по следните предвремени избори, од кои колку и да се трудат, нема да може да избегаат.“, пишува во соопштението.