Доналд Трамп се кандидира за претседател на САД

од desk3
121 прегледи

 
Истакнувајќи дека САД се во сериозни проблеми, американскиот градежен магнат Доналд Трамп објави дека се вклучува во трката за претседател на земјата, соопштуваат светските агенции.

Tram

Немаме повеќе победи, рече тој во “Трамп Тауер” во Њујорк, додавакќи дека последната е против Јапонија.

Анкетите покажуваат дека Трамп зазема силни позиции за учество во претседателските дебати на Републиканската партија.

Повеќе од 10 кандидати има Републиканската партија за претседателските избори во 2016 година. Внатрепартиските избори во партијата треба да доведат дo избор на еден кандидат, кој ќе се бори со кандидатурата на Демократската партија.

Имаме потреба од човек кој може да ги направи САД повторно големи, додаде Трамп.

“Официјално влегувам во борбата за претседател на САД и ние ќе ја направиме нашата земја повторно голема”, додаде тој.

Вчера Џеб Буш официјално ја започна кампањата.