Тестовите на британскиот суперсоничен автомобил Bloodhound SSC, чии креатори имаат намера следното лето да го соборат светскиот рекорд во брзина на копно, минувајќи ја брзината од 1.000 милји на час / 1610 км / ч / ќе започнат во ноември оваа година.
Како што пишува весникот “Дејли мејл”, по неколку месеци болидот, кој претставува вкрстување помеѓу авион и автомобил, придвижуван од три мотори – Хибридни ракетни на компанијата Nammo, реактивен Rolls-Royce од борбен Eurofighter Typhoon, и помошен осум цилиндричен Jaguar, треба да достигне брзина од 200 милји на час / 322 км/ч на патеката во Велика Британија. Потоа тимот ќе однесе ракетниот автомобил во пустината Калахари во Јужна Африка, за да го тестира при брзина од 1290 км/ч.