Овој месец повеќе од 15 000 војници од 22 земји учествуваат во Allied Shield – серија воени вежби кои имаат за цел да ги тестираат силата и борбената готовност на НАТО и вооружените сили на сојузниците.
Ова се вели во обемниот коментар на Јенс Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка и актуелен генерален секретар на НАТО, и генерал Филип Бридлав, генерал од ВВС на САД и шеф на американската команда во Европа и врховен командант на НАТО во Европа, пред “Волстрит џурнал “.
“Во Балтикот 50 брода и подморници и повеќе од 50 борбени авиони од 17 земји учествуваат во вежбите “43-ти Балтички операции”. Во Полска, Литванија, Латвија и Естонија други 6 илјади војници од 10 земји учествуваат во вежбите Saber Strike. Во Романија вежбите Trident Joust ги тестираа способностите на Бугарија и Романија да командандуваат со силите на бојното поле.
Ние сме во Полска оваа недела, за да се сретнеме и да ги видиме нашите сојузници како учествуваат во вежбите Noble Jump – првото распоредување на “Сечилото на копијата”. Во овие вежби учествуваат повеќе од 2 илјади војници од 9 држави од НАТО, вклучувајќи чешки и холандски десантници, германска и норвешка пешадија, полски и литвански специјалци, белгиска артилерија, американски хеликоптери и унгарско воено-цивилна канцеларија за соработка.
Вежбите Allied Shield ќе покажат дека НАТО е способен да распореди војници насекаде на територијата на Алијансата во рамки на неколку дена, ако избувне криза и сојузниците се под закана. Ќе покажат на светот дека Алијансата е подготвена, способeн да се справи со сите предизвици.
Овие вежби се потребни, бидејќи светот се менува. По Студената војна влеговме во нова ера на слобода и демократија, која се базира на признавање на меѓународните правила. Оваа ера е испит за невидените нивоа на меѓународна соработка и донесе просперитет на милијарди луѓе низ светот. Сега овој ред е под закана-велат од НАТО
На Југ “Исламска држава” и други екстремистички групи шират хаос и вршат терористички напади од Париз до Тексас. На Исток Русија ја наметнува својата волја врз соседите, заканувајќи се врз територијалниот суверенитет.
Во ова ново и брзо менување на животната средина НАТО треба да е подготвен брзо да донесува и спроведува решенија. Тоа значи одговарање на сајбер нападите со кибер-одбрана, дезинфомрацијата со информации, зајакнување и демонстрирање на нивните можности со вежби. Значи инвестирање во работи од кои треба да се заштитат во случај на реална закана.
Се надеваме дека никогаш нема да се случи таков ден, но наша обврска е секогаш да бидеме подготвени за заштита на луѓето, територијата и вредностите на овој сојуз.
Ние веќе завршивме голема работа. Четири месеци откако ние постигнавме согласност за составот на новата аванаграда за воздржување, веќе војниците дејствуваат. Фактот дека успеавме да обединиме силни и флексибилни сили брзо и силно зборува за солидарност во рамките на Алијансата.
Алијансата ќе се насочи кон водење на “Сечилото на копјето”. Веќе Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Турција и Велика Британија потврдија дека се подготвени да ја играат улогата на водечки нации. Уште повеќе авангардата е токму тоа – “Сечилото на копјето “. Зад него лежат силите за брза реакција на НАТО. Тие ќе бидат двојно зголемени во следните месеци по конзистентноста меѓу сојузниците. Ќе учествуваат повеќе од 30 илјади војници, морнари, маринци и пилоти, подготвени да ги зајакнат сојузниците или да ги заштитат нашите интереси, кога е потребно.
Ние исто така создаваме мрежа од мали штабови во Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Романија и Бугарија. Овие единици ќе помагаат за брзо распоредување на силите на НАТО во случај на закана, ќе поддржат колективното планирање на одбраната и ќе помагаат во координацијата на мултинационалните вежби.
Влеговме во период на поголема несигурност, но земјите од НАТО се обединети во својата посветеност за колективна одбрана – напад против една држава е напад против сите – и да ги заштитат слободата, демократијата, човековите права и владеењето на правото.
Работејќи заедно, како што правиме во вежбите Allied Shield, преку повеќе инвестиции во нашата одбрана, а лидерите на сите членки ветија дека ќе го сторат тоа, НАТО може да се спротивстави на секоја закана, од каде и да е таа.
