Создаден болидот кој ќе се движи со над 1600 км/ч

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Тестовите на британскиот суперсоничен автомобил Bloodhound SSC, кој ќе се движи со над 1000 милји на час или 1610 км / ч, почнуваат во ноември оваа година.ssc

Креаторите на уникатното возило дефинитивно имаат намера да го соборат светскиот рекорд во брзина на копно.

Болидот е синтеза на авион и автомобил, соопштува “Дејли мејл”, а погонот работи на три мотори: хибридно-ракетен на компанијата Nammo, реактивен на Rolls-Royce и помошен осум цилиндричен Jaguar.

Прво ќе биде тестиран, за да достигне брзина од 200 милји на час / 322 км / ч, на патеката во Велика Британија. Потоа тимот ќе го однесе ракетниот автомобил во пустината Калахари во Јужна Африка, за да го тестира при брзина од 1290 км / ч.