(ВИДЕО) Сенатор на Јужна Каролина загинал при пукањето во црквата во Чарлстон

од Vladimir Zorba
166 прегледи

9 верници загинаа меѓу нив и член на Сенатот на Јужна Каролина и Пастор ,  при пукањето по верниците во црквата во Чарлстон, соопшти телевизискиот канал WCBD.

полиција сад

Пастор Клемент Пинк бил главата на парохијата, кога се случило   пукањето.Пред тоа, полицијата потврди пукањето во аџии од Африканската методистичката епископска црква во центарот на историскиот град Чарлстон во Јужна Каролина. Полициските  органи сметаат дека масовното убиство е извршено по мотиви на омраза, соопштил шефот на полицијата на градот Грег Мулн без да прецизира дали станува збор за одмазда на меѓунационалните или верска почва.Полицијата трага бел маж на околу 21 години.

Веќе 9 се  загинатите во градот Чарлстон, сојузната држава Јужна Каролина, откако маж отвори оган  во црква на црнци за време на часовите по веронаука. 8 лица загинале на самото место, а деветтиот починал од повредите во болница, јавува Си-Ен-Ен.Пукањето се случила во Африканската методистичката епископска црква “Емануел”. Таа има голема историска вредност, бидејќи е прва од ваков вид во државата. Основана е во 1816 година, кога локалните црнци основале своја  паства поради несогласување во врска со погребалните обреди. .hqdefault.jpg42

“Единствената причина поради која некој би влегол во црква и би убил луѓе кои се молат, е омразата”, коментира градоначалникот на Чарлстон Џо Рајли. Не е јасно колку луѓе биле внатре, кога почнало пукањето. Сигурно постојат неколку кои се повредени. Од полицијата соопштија дека осомничениот е “чисто избричен бел маж меѓу 20 и 30 години со атлетско телесна градба, сив џемпер, сини фармерки и чизми”. “Очигледно е исклучително опасен. Ќе ги вложам сите мои напори и енергија за да го фатиме овој човек “, изјави началникот на полицијата Грег Мулн. На местото на инцидентот во моментов врие од полиција.Очевидец тврди дека видел 40 граѓани кои биле изведени и придружувани од униформирани. Луѓето од соседството пак се собрале во круг на улица во близина на местото на настанот и се молат заедно.