(ГАЛЕРИЈА) Разгледајте го домот на топ продуцентот Џери Брукхајмер

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Холивудскиот супер продуцент Џери Брукхајмер го огласил на продажба раскошниот дом во Brentwood, Лос Анџелес.Тој бара 14,5 милиони долари за својот имот.5d572ef6100c695727f0b39940ede269

69-годишниот Џери, кој стои зад хит продукциите “Топ Ган”, “Полицаецот од Беверли Хилс”, “Армагедон”, “Јавен непријател”, “Блек Хок”, “Перл Харбор” и “Пиратите од Карибите” живееше досега тука со втората сопруга Линда Сју, кој е поранешен уредник на бестселери и романсиер.

Во  моментов Брукхајмер е еден од најбогатите и највлијателните мажи во Холивуд, па дури и прекарот му е “Мистер блокбастер”. Неговото богатство се проценува на 850 милиони долари, а филмовите и телевизиските серии (“Од злосторството”) донесоа приходи од над 11 милијарди долари.

Модерната куќа во Ел Еј била изградена во 1965 година, а тој ја купува во 1985 година за малку повеќе од еден милион.

Еднокатната резиденција на Џери, кој е со германско-еврејски корени, е со рамен покрив и претставува строго интеракција помеѓу челик, стакло и дрво.

Куќата е со површина од 900 квадратни метри и вклучува дневна соба, трпезарија, кујна, голема библиотека, кабинет, неколку семејни спални, четири бањи, бројни соседни простории, фитнес, куќа за гости и сопствена градина со базен.

Покрај оваа куќа Џери и Линда поседуваат најмалку уште осум недвижни имоти во САД.

Видете ја куќата на холивудскиот продуцент во галеријата.