Денеска е меѓународен ден на сушито

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Денес е меѓународниот суши ден. 18 јуни е официјалниот ден во кој ја славиме една од најпознатите фаворизирани кујни во светот. Сушито секогаш се рангира во топ 5 на најнарачуваната храна. По тој повод foodpanda избра неколку интересни факти за оваа сакана храна.Sushi-5-1

Суши со риба “фугу”, една од најсмртоносните риби во светот. За да бидат сертифицирани за работа со неа, готвачите треба да поминат многу строга обука која го вклучува и јадењето на оваа риба.sushi-bazooka-5

Сушито е измислено во 4000 г.пр.н.е. во Кина како метод за конзервирање на храна. Сушито што го познаваме во нејзината сегашна форма е измислено од Хана Хохеј во 19 в. Спротивно на популарното верување, суши значи оризов оцет со шеќер и сол, а не сурова риба. Суши ролните биле евтина храна. Денес има над 61 000 суши ресторани во светот.

Калифорниските ролни се американскиот изум од 1970 година и го даваат почетокот на фузија на суши. Всушност, Португалците ја откриваат темптурата. Со векови имало закон,  кој гласел дека царот не може да јаде “фугу”, поради ризикот од труење.sushi-chef-schools

И еден совет од нас. Кога конзумирате различни видови на суши, прво почнете од светлата боја кон темната.