ОН: Бегалците и раселените достигнаа бројка од големи 60 милиони луѓе

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Речиси 60 милиони луѓе во светот биле протерани од местата во кои живеат од конфликти и прогон кон крајот на минатата година, покажуваат податоците на Агенцијата за бегалци на ОН, цитирани од новинската агенција “Ројтерс”.

begalci deca

Тоа е најголем број раселени луѓе во историјата. Повеќе од половина се протерани од тешки кризи, вклучувајќи во Сирија, Авганистан и Сомалија  и се деца, објави Агенцијата за бегалци на ОН во својот годишен Извештај на светските трендови. Во 2014 година, во просек 42 500 станале бегалци барале азил или биле раселени надвор државни граници секој ден. Оваа бројка е зголемена 4 пати во рамките на последните четири години, посочува агенцијата. “гледаме промена на парадигмата, наидуваме во ера во која големината на присилната раселување, како и реакциите и случувањата се многу поголеми од она што сме го виделе досега “, објави високиот комесар за човекови права на ОН, Антонио Гутереш.Агенцијата за човекови права објавија дека се почна во 2011 година со конфликт во Сирија кој е најголемиот извор на раселени лица и бегалци. Пред крајот на минатата година во Сирија имало 7.6 милиони раселени и речиси 4 милиони сириски бегалци, голем дел од кои живеат во соседните држави – ​​Либан, Јордан и Сирија. ” Дури и при овој остар скок на бројот на раселените, светското распределба на бегалците останува силно дисбалансирано кон посиромашните нации, а не кон богатите “, соопштува Агенцијата за бегалци.

Во рамките на земјите раселените во последица на конфликти се 38.2 милиони луѓе – речиси 5 милиони повеќе отколку пред една година. Главен фактор за тоа се војните во Украина, Јужен Судан, Нигерија, ЈАР и Демократска Република Конго. Од вкупно 19,5 милиони бегалци кои живеат надвор од својата земја, 5.1 милиони се Палестинци. Сиријците, Сомалијци и авагнистанците  кои  сочинуваат повеќе од половина од останатите 14,4 милиони бегалци. Вкупно 1,6 милиони луѓе побарале азил во друга земја минатата година – скок со речиси 50%. 270 000 од нив се Украинци, кои побарале политички азил во Русија.

Многу конфликти избија во последните пет години, но многу малку се завршени. Едвај 126 800 бегалци успеале да се вратат во земјите  во 2014 година, како тоа е најмалиот број во последните 31 години. ” Совршено јасно е дека не можеме да се справиме со ситуацијата “, изјави Гутерес. “Време е меѓународната заедница да почне да ги исполнува своите обврски”, додаде тој.