Иако губи позиции во Ирак и Сирија, “Исламска држава” стекнува се поголем број млади и жени од Европа , . Тоа го изјави во интервју за “Франс прес” координаторот на ЕУ во борбата против тероризмот Жил де Кершове.
Според него нема разузнавачки информации , која покажува дека џихадисти навлегуваат во Европа преку мешање во протокот на имигранти, иако тие заработуваат од трговија со луѓе.
Иако има некои неуспеси на бојното поле, “Исламска држава” продолжува да биде флексибилна и да привлекува поддржувачи. Се уште има млади Европејци кои се приклучуваат, вклучувајќи многу жени. ЕУ е мобилизиран и нападите во Париз во јануари ја зголемија оваа мобилизација, но тоа не ги менува работите, истакна тој.
Според него, околу 4 илјади Европејци се приклучија на џихадистите во Сирија.
Жил де Кершове е убеден дека треба да бидат креирани програми за борба против радикализацијата, особено по интернет.
Запрашан како ЕУ може да застане пред радикализираните елементи да одат во Сирија и потоа да се враќаат во Европа, тој одговори дека едниот од начините е зајакнување на контролите на надворешните граници, и многу повеќе работа на превентива.
