Производителите редовно истакнуваат дека нивниот уред располага со камера со многу мегапиксели. Ова сепак не секогаш значи дека камерата е добра.
Повеќе мегапиксели значат слики со поголема резолуција. Колку е поголема резолуцијата, толку повидливи стануваат како најмалите детали, така и најмалите дефекти на сликата.

Затоа од големо значење е самиот сензор. Во голем степен квалитетот на една слика се определува од тоа колку светлина сензорот успева да преземе. Поголем сензор, значи повеќе простор и поголеми пиксели. Поголеми пиксели пак значат поголема чувствителност кон светлината и повеќе апсорбирана светлина.
Токму за тоа повеќе мегапиксели не означуваат подобар квалитет. Но, важно е да се напомене дека голема улога има и објективот, како и софтверот. Камера со помалку мегапиксели, но со добра леќа може да направи значително подобри слики од камера со многу мегапиксели, но не толку квалитетна леќа.
Се разбира, во идеална ситуација има како многу мегапиксели, така и доволно голем сензор и добра леќа. Тогаш фотографиите се најубави, но и опремата е поскапа.
Истото важи и кај смартфоните. Производителите се уште се потпираат на маркетинг моќта на поголемиот број. Некои од нив веќе ставија акцент и на самиот сензор, системот за стабилизација и на леќите. Сите овие фактори треба да се земат предвид кога сте во потрага по паметен телефон кој да прави добри слики.