Најстариот жител на планетата – Американката Џералин Талин – почина во средата во својот дом неколку недели откако прослави 116 години, соопштија нејзини блиски на американски медиуми.
Таа ја презеде оваа улога во почетокот на април кога наследи друга Американка. По нејзината смрт штафетата ќе отиде повторно кај Американка, тврди организацијата Gerontology Research Group, со седиште во Лос Анџелес.
Родената на 6 јули 1899 година Сузана Масхат Џонс е од овој момент најстариот жив землјанин.Таа е родена во Алабама, но сега живее во државата Њујорк.
Рекордот по должина на животот, потврден официјално сѐ уште е на Жан Калман (Jeanne Calment). Французинката почина во 1997 година на 122 години и 164 дена.
Талин, која почина во средата, беше дел од ексклузивниот клуб од три лица, според лосанџелиската организација, родени во XIX век и сѐ уште живи во XXI век. Таа беше црнец, сегашната рекордерка исто. Третата е Италијанка.