Хибридниот погон на БМВ i8 стана Светски мотор на годината

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Комбинацијата од бензински и електричен мотор, погонски БМВ i8, освои три награди во овогодинешното издание на натпреварот “Светски мотор на годината”, вклучувајќи и во категориите најдобар мотор и за најдобар нов агрегат.zx450y250_2555507

Одликувањата оваа година беа доделени на церемонија во Штутгарт. Моторот на БМВ беше прогласен за најдобар од жирито од 87 автомобилски новинари од 35 држави. Моторот освои и во категоријата за агрегати со меѓу 1.4 и 1.8-литри работна зафатнина. Според мислењето на жирито тоа е моторот на суперавтомобил на иднината.

Овогодинешното издание на натпреварот ќе се запамети со рекордно малата разлика помеѓу првиот и вториот во категоријата за “Светски мотор на годината”. Втората позиција во рангирањето на најдобрите мотори на годината со заостанување од само 7 поени зазеде 999-кубика трицилиндров мотор со турбо на “Форд”, за кој ова е осмото одличје во рок од четири години. За четвртата последователна година 1.0-литарскиот EcoBoost агрегат беше прогласен за “Најдобар мотор под 1.0 литар”. За втора година по ред за “Зелен мотор на годината” беше одреден електричниот мотор на “Тесла” S. Генерално со најмногу признанија – четири, си заминаа БМВ.