Еве ја последната улога на Робин Вилијамс (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Излезе првиот трејлер на американскиот филм “Булевар”. Лентата е последната во која игра актерот Робин Вилијамс пред да му  стави крај на својот живот .hqdefault.jpg47

Во него Вилијамс игра 60-годишен банкарски менаџер кој цел живот ја негира својата вистинска сексуална ориентација. Тоа се менува кога среќава  млад геј кој му го менува неговиот живот. Според критичарите, филмот се занимава со проблемот на осаменоста слично на “Експрес фото” и “Добриот Вил Хнтинг”, во кој Вилијамс исто така  учествува. Во “Булевар” учествуваат уште Боб Оденкрк , Кејти Бејкер и др. Премиерата ќе биде на 10 јули. Пред да  стави крај на својот живот, Робин Вилијамс е вмешан и во уште еден проект, кој треба да биде претставен. Ова е филмот “Апсолутно ништо”, во кој ѕвездата само озвучава една  од сликите. Холивудскиот актер беше пронајден мртов на 11 август 2014 година во својот дом во Калифорнија. Се смета дека се обесил, бидејќи му била поставена дијагноза  на Паркинсонова болест.