Струмичанецот, Трајче Ѓоргиев настапи со песната „Зошто отиде“ од Тоше Проески во полуфиналето на „Пинкови ѕвездички“ и успеа да ги добие гласовите на публиката и да се пласира во големото финале кое ќе се оддржи на 26 јуни.
Покрај Трајче во првата финална вечер ќе настапат и Павле Василевиќ, Игор Лазаревиќ, Валентина Мец, Давид Радосављевиќ, Јован Алексиќ, Исидора Митиќ, Никола Миленковиќ, Лена Стаменковиќ, Ирина Арсенијевиќ, Матеја Вукашиновиќ и Марија Сердар.
Шоуто мораа да го напуштат двајца од 14-те учесници и тоа Дуња Јеличиќ и Милица Илич, со што бројката на настапувачи во финлето беше заокружена на 12.
Победникот на шоуто ќе го дознаеме на 3 јули, а за тоа да биде 14 годишниот Трајче од Македонија, останува сите да гласаме.
Видеото е специјалната емисија посветена на него во која можете да дознаете повеќе за неговото детство и музичко искуство.