Првите 1000 Пепер роботи продадени во Јапонија

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Првата пратка од 1.000 големи роботи Пепер беа распродадени веднаш во Јапонија, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од сајтот на компанијата Софтбанк.article-f118a09c-4ac9-4baf-81f7-4c8544c53341-6UV7j7YYUHSK2-652_634x454

Бибер, кој е развиен во соработка со компанијата Алдебаран роботикс, умее да зборува, да одржува разговор, да ги разбира човечките емоции и да реагира на расположението на соговорникот, а исто така да извршува едноставни наредби, да помага во домот и прави друштво на осамени луѓе.

Висок е само 1,2 метри, но во роботското тело има многу прецизна електроника. На прво место тоа се најновите сензори за препознавање на лице. Монтирани му се на главата камери кои постојано го доловуваат изразот на соговорникот.

Бибер е програмиран да зборува на 17 јазици и неговите творци се надеваат дека пронајдокот ќе им најде пат во домовите на луѓето како непроценлив помошник.

Цената на еден робот Бибер е 213 840 јени или 1800 долари.