Протести во Лондон против штедењето на Камерон

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Ѕвезди од шоу-бизнисот, политичари и активисти на различни движења се приклучија во маршот на илјадниците демонстранти, кои излегоа на улиците на Лондон да протестираат против “политиката на штедење” на владејачката Конзервативна партија, пренесе РИА Новости.

protestАвтобуси со демонстранти од целата земја од рано наутро почнаа да пристигнуваат во британската престолнина. Протестната поворка започна околу пладне од зградата на централната банка во лондонското „Сити“ кон плоштадот пред парламентот. Организаторите велат дека се собрале 250 000 луѓе, а од полицијата не соопштуваат податоци за бројот на учесниците.