Африканскиот пингвин, кој за време на поплавите во Тбилиси избега од зоолошката градина, стигна до границата со Азербејџан, оддалечена 60 километри од главниот град на Грузија.
Животното било видено на Црвениот мост на реката Храми која ја поминува границата. Зоолошката веќе испратила луѓе да го приберат, соопшти “Грузија онлајн”.
Африканските пингвини се појавија во зоолошката градина на грузиската престолнина во јули 2014 година. Тие беа донесени од Велика Британија и за нив беше направен пингвинариум со голем базен, песочна плажа, мали пештери и глинени гнезда.
Во ноќта на 14 јуни Тбилиси беше преплавен од вода. предизвикана од поројни дождови. Се прелеа реката Вера, беа поплавени улици, плоштади и маала. Стихијата погуби 15 лица, уште 37 се повредени. Преплавена беше и зоолошката градина, која се наоѓа во центарот на главниот град, поради што неколку животни се издавија, а други избегаа, меѓу нив беа и предатори – мечки, тигри, волци и лав. Потоа некои од нив беа застрелани од специјалисти. Во исто време од нападите на избегнатите предатори загинаа двајца жители на главниот град.