Британски падобранец фати во воздухот свој колега со неотворен падобран

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Британски падобранец спаси во воздухот свој колега , чиј падобран не се отворил, пренесе ББС.

220x180

Инцидентот се случил за време на воздушниот шоу Whitehaven Festiva L во северозападна Англија.

Двајцата падобранци кои се на служба во британските воздухопловни сили, учествувале во маифестациони настапи.Откако скокнале , падобранот на едниот од нив не се отворил , но неговиот колега успеал да го фати во воздухот.

Организаторите на концертот објавена дека и двајцата војници  успеале да се спуштат без повреди.

Според зборовите на самите падобранци, за време на вежбање тие се обучувани како да реагираат во такви случаи.

Командантите на падобранците ќе ги  разјаснат причините за  дефект во опремата и неотворањето на падобранот.