СДСМ: Најостро го осудуваме упадот во Плусинфо, кој укажува на огромната нервоза на Груевски и соработниците

од desk3
121 прегледи

sdsm1
„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува упадот во просториите на редакцијата на порталот „Плусинфо“.
Овој кукавички чин, да се влезе во простории на медиум и да се изврши кражба на компјутери и фотографска опрема, како што извести порталот Плусинфо е тежок скандал што само покажува до кој степен е урнисана демократијата и е загрозена слободата и слободната мисла во Република Македонија.

Сериозниот инцидент што се случи во еден од малкуте критички медиуми во земјава, ја покажува огромната нервоза Никола Груевски и неговите соработници кои се соочени со вистината за сопственото криминално владеење и извесното заминување од политичката сцена.

Одговорност за упадот во медиумот мора да има, од нарачателите до извршителите. Потсетуваме на обврската на чесните професионалци во МВР за брза и транспарентна истрага“, стои во соопштението на СДСМ.