Пеперутки во биомузеј слетуваат на посетителите

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Во главниот град на Куба се појави музеј во кој експонатите слетуваат на посетителите, бидејќи ги доживуваат како растенија.p126875751-3

Првата во Куба “Куќа на пеперутките” беше отворена во ботаничкaта градина на Хаванскиот универзитет.

Музејот се наоѓа на историското место “Долари де лос Молинос”, каде за време на колонијалната ера живееле генерал-мајстори, претставници на врховната воена власт на островот, пишува РИА “Новости”.

Одгледувачницата припаѓа на Историската канцеларија на Хавана. Експертите се грижат ништо да не го загрози животот на прекрасните суштества. Посетителите на музејот можат да ги видат со свои очи различните фази на развој на пеперутки.

Овие летачки инсекти го преминуваат целосниот циклус на метаморфоза. Пеперутките во целина се многу значајна група инсекти. Тие учествуваат во опрашување на многу видови растенија, нивните различни стадиуми се значаен извор на храна за разновидни без’рбетници и ‘рбетници, а возрасните пеперутки, како во случајот, избавуваат естетска наслада на милиони луѓе низ целиот свет со своите убави крилја.