Колку подолго спиете, толку подобар е сексот, покажува новото истражување спроведено со учество на 170 парови во САД.
Резултатите од експериментот покажуваат дека оние кои си обезбедуваат повеќе часови спиење, се радуваат на подобар сексуален живот. “Ако имате проблеми во интимните искуства, првото нешто што треба да го направите е да се наспиете”, советува авторот на студијата Дејвид Бел од медицинскиот факултет на Универзитетот во Мичиген.
Сите парови во истражувањето биле над 20 годишна возраст, а заклучоците на научниците се неверојатни. Разликата во сексуалниот живот е извонредна, а сето тоа зависи од времетраењето на спиењето.