Американска компанија го создаде првиот луксузен монстер трак – автомобил со џиновски гуми, кој се користи обично за тешки терени или трки.
Машината, која се нарекува Sin City Hustler, е долга над 10 метри и се издига на височина над 3,5 метри. Автомобилот има 8,5 литарски мотор “Форд” со 700 коњски сили и може да носи до 12 луѓе. Модификација е на моделот “Форд Екскршн” и сето тоа е рачна изработка.
Возилото сепак нема да може да се движи по американската патна мрежа поради големината, но за сметка на тоа неговите производители од Big Toyz Racing Motors велат дека е идеален за тешки терени.
